МВР во засилена контрола на лицата во изолација, војската во заеднички патроли со полицијата

0
71

Полицијата од денеска строго ќе контролира дали има поголеми собирања по куќи и други живеалишта за кои ќе добие пријави, а оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе добијат пријави согласно со Законот за јавен ред и мир.

Последните активности на МВР во насока на спречување на ширењето на коронавирусот ги сподели министерот Чулев, не исклучувајќи ја и мерката за построго ограничување на движењето за граѓаните.

Дополни дека полицијата засега најмногу е концентрирана на контрола на лицата кои се во карантин. Полицијата надгледува над три илјади и 700 луѓе кои треба да се во изолација, а контролите се вршат два пати дневно.

“Од страна на полициските службеници при извршени контроли констатирани се во изминатите 24 часа, едно непочитување за изолација и пет непочитувања на изјавите за самоизолација, додека на територија на државата од страна на полициските службеници се утврдени 27 лица кои требало да бидат во самоизолација, а не се затекнати на адресите на кој што е извршена контролата”