Мерката за ослободување на родител не важи за вработените во полицијата, здравството и војската

0
80

Владата по препорака на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести вчера донесе нови засилени мерки за заштита на јавното здравје.

Мерките кои почнаа да важат од вчера е прекин на воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Македонија. Мерката ќе трае во наредните 14 дена. Исто така се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, во емисијата 24 Отворено на Телевизија 24 даде појаснување за мерката ослободување од работа на еден од родителите на деца до 10 години.

Мерката важи само за децата кои посетуваат воспитно-образовна институција. Еден родител треба да да биде ослободен од работа, и ќе треба да достави потврда дека детето му оди во училиште или градинка. Министерот објасни дека ова ќе биде платено отсуство, дека не треба да се зема боледување или одмор.