Министер од Република Српска заразен со коронавирус

0
127

Mинистерот за економски прашања и регионална соработка во Владата на Република Српска, Златан Клокиќ е позитивен на коронавирусот, јавува Н1.

Тој се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а се наоѓа во домашна излолација.

„Се наоѓа во домашна, куќна изолација. Се чувствувам добро, без никакви симптоми и без покачена температура и без кашлица“,

вели Клокиќ за локалната телевизија АТВ во Бања Лука.

Во Република Српска вчера вечерта беа потврдени нови седум случаи позитивни на коронавирусот.