Во Вухан само еден нов случај со коронавирус- Во цела Кина 12 новозаразени и сите се странци

0
81

Вухан, град во Кина од каде започна пандемијата со коронавирусот и денеска е забележан само еден нов случај на заболен од вирусот, а во цела Кина се забележани 12 нови заболени. Сите се луѓе од медиуми кои стигнале од странство.

Кина бара сите странски државјани кои ќе дојдат во нивната земја да поминат 14 дена во самоизолација, но не ги затвори границите.

Во Кина епидемијата започна на крајот во 2019 година, сега има 155 заразени од коронавируот, а сите се странци, додека вкупниот број на заразени е 80.900, соопшти министерството за здравје.