Побарана парична казна за арачиновец кој не ја почитувал задолжителната самоизолација

0
78

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлог за издавање казнен налог против жител на Арачиново, кој се товари за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, при влез на граничниот премин Табановце на 17 март, доаѓајќи од Швајцарија како ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид – 19, потпишал изјава дека ќе остане во задолжителна домашна самоизолација во период од 14 дена. При извршена проверка, на 19 март не бил пронајден во неговиот дом во Арачиново, соопшти Јавното обвинителство.