Сведочење за „Титаник“, невработена се зачудила кога и рекле дека дала 1.000 евра за ВМРО

0
85

Неколку сведоци денеска сведочеа во случајот „Титаник“ кој се однесува за изборни нерегуларности. Една од сведоците раскажа дека во 2011 година се нашла на списокот донатори на ВМРО – ДПМНЕ. Според партиските упатници, донирала 1.000 евра иако била невработена, но и никогаш не дала пари во партиската каса. Дополнително објасни дека не дала пари ниту на друго лице да уплати пари во нејзино име.

Дека дала пари во ВМРО – ДПМНЕ разбрала кога тогашното СЈО ја викнало да сведочи. Двајца други сведоци пак тврдеа дека дале пари за партијата, но не ги уплатиле лично, туку преку лица од партијата. Во „Титаник“ освен пребеганиот Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Билјана Бришкоска и уште 14 лица. Нa товар им се става злосторничко здружување како и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.