Соботка: Се надеваме на зелено светло кон крајот на месецов

0
82

Последен во низата е Претседателот на австрискиот национален совет Волфганг Соботка, кој изрази надеж дека земјава ќе добие зелено светло за почеток на преговори со Унијата за неколку недели. Соботка кој денеска се сретна со спикерот Џафери, вели и дека Македонија постигнала значителен напредок во реформите, а Австрија ќе продолжи со својата поддршка за евроинтегративните процеси на земјава.

Џафери пак порача дека Македонија останува посветена на реализација на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија и додаде дека на земјава и е потребна јасна европска перспектива и временска рамка.

Европската перспектива на Македонија денеска се најде и пред комисијата за надворешни работи на Холандија, каде на дневен ред беа извештаите за напредокот на Скопје и Тирана, како и новата методологија за проширување на Европската Унија. Холандија која важи за скептик во поглед на евро проширувањето, до сега веќе се изјасни дека би дала зелено светло за Македонија, но не и за Албанија.