(ФОТО) Возот ТГВ Стразбур-Париз со голема брзина излета од шините, десет повредени

0
85

Возот ТГВ што го поврзува Стразбур со Париз излета од шините изутринава во 7:30 часот, во близина на Ингенхајм во Докна Рајна, десет лица се повредени меѓу кои и машиновозачот, јави дописникот на МИА.

Возот не излезе целосно од шините, туку само првите четири вагони. Според жандармеријата, 10 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, кој е со посериозни повреди.