Сергеј Варошлија и Дејан Панделевски треба да сведочат во „Рекет“

0
81

Сергеј Варошлија и Дејан Панделевски се предложени за сведоци на денешното рочиште за „Рекет“ од страна на одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13.

Сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, и поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ се очекува да се појават како сведоци во наредните рочишта.

Панделевски и Тодоровиќ минатата недела не дојдоа на судењето поради службено патување, односно поради службени обврски.