Се затвораат сите гранични премини и аеродромот во Скопје

0
83

Владата донесе одлука да се затвораат сите македонски гранични премини и да се затвори и меѓународниот аеродром во Скопје. Нема да биде дозволен влез на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците на дипломатскиот кор, како и за други лица за кои министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од главниот координативен штаб кој ќе потврди дека има посебен државен или економски интерес.