Украинскиот премиер поднесе оставка

0
90

Украинскиот премиер Олексиј Хончарук поднесе оставка. Парламентот ја прими писмената оставка на Хончарук, потврди претседателот на Врхованата рада, Дмитриј Разумков. На местото на Хончарук ќе дојде неговиот замник Денис Шмигал.

Се очекува и министрите за финансии и за надворешни работи, како и државниот обвинител да ја напуштат Владата во рамките на реконструкцијата што е во тек, соопштиле пратеници од партијата на претседателот Володимир Зеленски.