Филипче: Мора да ги заштитиме здравствените работници, тие се најекспонирани и загрозени од вирусот

0
80

Филипче потврди и дека од утре во болницата во Дебар, ќе престојуваат 2-ца доктори од клиниката за пулмологија, за да помогнат во справувањето со епидемијата во овој град, каде е прогласена кризна состојба.

Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонирани и најзагрозени од вирусот, мора да ги заштитиме и да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем, подвлече Филипче. Тие здравствени луѓе имаат семејства, се грижат за нив, напорно работат откако се едуцирале за да им помогнат на граѓаните. Тој истовремено оцени дека нема никакво оправдување за непридржување на мерките на владата за заштита од корона вирусот и повторно апелираше до граѓаните целосно да ги почитуваат препораките кои ги дава министерството за здравство.