Филипче: Хуманитарни акции само за хронично болните кои не се ризични

0
74

Сите што сакаат да бидат хумани и да помогнат во спречувањето на коронавирусот, да се тргнат настрана, да ги остават стручните и надлежните да си ја вршат задачата. Работа на докторите е да даваат третман, да прават анализа, да ги интервјуираат пациентите, потенцијално заболените или луѓето кои биле во конаткт со нив, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, хуманитарни акции може да се спроведуваат за хронично болните кои се самоизилирани во домашни услови, а не се ризични во однос на коронавирусот.