Чулев ја пријави директорката на Кожно, ама ОЈО засега нема кривично да ја гони

0
88

Екс директорката на кожна клиника Нина Цаца Билјановска најверојатно ќе куртули од кривична одговорност. Полицијата поднела пријава до обвинителството, но оттаму за Алфа велат дека досега не биле утврдени елементи на кривично дело, што укажува дека пријавата најверојатно ќе биде отфрлена.

Денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираше дека Билјановска кога се вратила од Италија, земја која СЗО ја стави во групата високоризични за ширење на корона вирусот, не останала дома туку одела на работа во Клиниката за кожни болести, а била и на симпозиум во еден скопски ресторан, а со тоа ги прекршила препораките на Владата.

-„На 29 февруари 2020 ексдиректорката влегла во земјата. Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“, рече Наќе Чулев министер за внатрешни работи во Техничката Влада