Словенечката влада измамена за три милиони заштитни маски

0
81

„Се изгуби секоја трага од товарот и полицијата откри дека станува збор за класична измама“, изјави Тонин на прес-конференција во Љубљана.

“Ни беше ветена испорака на маските и министерот за економија, Здравко Почивалшек, беше во директен контакт со возачот. Вчера во 2.30 часот возачот рече дека бил на царината во Сежана и подоцна дека ќе наполни гориво во Постојна, по што изгубивме контакт со него.” изјави Тонин.

Тој додаде дека словенечката полиција утврдила дека станува збор за класична измама а истрагата ќе се третира како приоритет.

Маските биле нарачани од фирмата „Глобал промет“, чиј директор е Емир Беговиќ од БиХ, но се покажало дека имало фиктивни зделки и класична измама и дека никогаш не биле транспортирани маски, изјави словенечкиот министер за одбрана.

Тој додаде дека е неточна вчерашната информација дека за непостоечките маски однапред било платено 10 милиони евра и дека нема никаква штета во тој поглед и дека маски и друга опрема потребни за болниците и другите институции за време на епидемијата на коронавирус ќе се нарачуваат по одредени цени и ќе бидат платени по доставувањето.