По една жртва од Ковид-19 во Косово и во Албанија

0
62

Косово и Албанија регистрираа по една жртва од корона вирусот. 21 – та жртва во Косово е 44 годишен маж од Гњилане. Урошевац е најпогодена зона, а градоначалникот на овој град, Агим Алиу вели дека ситуацијата може да се контролира, барајќи укинување на мерката за карантин, со цел полициските ресурси кои се на влезот и излезот на градот, да се ангажираат внатре во градот.

Властите во Приштина соопштуваат за големи загуби во економијата додека бројката која се спомнува достигнува 50 милиони евра.

Последната жртва од вкупно 28 во Албанија е 60 годишен маж, кој исто така боледувал од други болести. Во последното деноноќие, во Албанија се регистрирани нови 14 случаи со Ковид 19, а седум се излечени.

„Уште седум пациенти се излечени, со што вкупната бројка на излечени сега е 410. Моментално, кај нас има 288 активни случаи на Ковид 19, и како што се гледа, бројот на излечените е повисок“, рече Марјета Дервиши- Институт за јавно здравје.