Уапсен директорот на Геронтолошкиот центар во Ниш бидејќи не презел мерки за заштита од коронавирусот

0
157

Под сомнение дека не презел неопходни мерки за заштита од ширење на коронавирусот уапсен е директорот М.С. (1973 г.) на Геронтолошкиот центар во Ниш. Во оваа институција има инфицирано 135 лица кои биле сместени и четири запослени.

Директорот денеска е приведен од страна на припадниците на МВР кои заедно со припадниците на БИА го товарат дека извршил тешко кривично дело против здравјето на луѓето. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и тој со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Ниш.