Филипинскиот претседател за прекршителите на карантинот : Војската нека ги застрела на место

„Нека ова биде предупредување за сите – слушајте ја владата во ова време затоа што клучно да имаме ред“, рече тој во говорот пред нацијата доцна синоќа, додавајќи:

„И не ги навредувајте здравствените работници, лекарите … затоа што тоа е сериозно кривично дело“.

„Моите наредби до полицијата и војската, ако некој има проблеми и вашите животи се изложени на ризик: пукајте во нив“, додаде тој.

Дутерте издаде предупредување до сите жители на сиромашните квартови во Квизон Сити, во округот Манила, кои протестираа по автопатот во близина на нивните колиби, бидејќи не добиле никакви пакувања со храна и други резерви, откако започна карантинот пред две недели.

Силите за рурална безбедност и полицијата ги предупредуваа жителите да се вратат во своите домови, но тие одбија, според полицискиот извештај што го разби протестот и уапси 20 лица.

Извор Канал5