Трамп: „Американците да се подготват за најтешките недели во историјата“

0
89

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и покрај бројните превентивни мерки што се спроведуваат на синхронизиран начин во најпогодените земји. Бројот на заразени во светот достигна околу 870.000 додека над 43.000 починаа. Покрај Италија – и САД и Шпанија се соочуваат со голем број жртви. Додека Шпанија забележа 864 жртви за 24 часа, во САД тој број е за една жртва повеќе односно 865. Ова го натера претседателот Доналд Трамп да ги предупреди Американците дека ќе се соочат со најтешките седмици во историјата.

„Ќе бидат две-три тешки недели. Ќе бидат најтешките недели што сме ги имале во нашата земја, ќе изгубиме илјадници. Слушам дека вчера 29 починале во Њу Џерси, 173 во Њујорк. Никогаш не сме имале ваков број на жртви. Никогаш порано не сме виделе вакви бројки! Лесно е да бидеме песимисти, но јас сум лидер на државата и сакам да направам добра работа. Сакам да умираат што е можно помалку луѓе и ние работиме на тоа“, рече Трамп.