Бил Гејтс: „Вакцина ќе има за 18 месеци, парите не се проблем“

0
79

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, вели дека за вакцината против Ковид-19, најверојатно ќе бидат потребни 18 месеци, но дека парите не би требало да бидат проблем за нејзино развивање.

„За развивање на вакцина обично се потребни 5 или 6 години“, рекол Гејтс, за „BBC“, но додал дека поради брзината на ширењето на глобалната пандемија, тој процес мора да биде побрз.

Најавил дека парите нема да бидат пречка за вакцината и открил дека е среќен што ќе продолжи да донира средства, пренесува Дејли Меил.

„Правиме сè што можеме. Ќе пишуваме чекови побрзо од многу влади. Парите не треба да бидат ограничување“, рекол тој.

Меѓутоа, напоменал дека ќе има помалку сигурни тестови од вообичаено, за да може да се дојде до вакцината што поскоро.

„Владите ќе мора да одлучат“, додал тој.

Извор Курир