Велигденска честика на Заев: Значењето на Велигден охрабрува, повторно да победи животот

0
87

Скопје, 12 април 2020 () – Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје, наведува претседателот на СДСМ, Зоран Заев во пораката со која во негово и во има на партијата им го честита големиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите христијански верници, кои го слават овој ден по Грегоријанскиот календар. – Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме, истакнува Заев. Тој во честитака поралува дека значењето на Велигден охрабрува, „заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот“. – Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе, стои во велиденската честитка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.