Велики Петок- ден на тишината, постот и молитвата

0
84

Велики Петок – ден на тишината, постот и молитвата. Православните христијани го одбележуваат најтешкиот ден во очи Велигден.

Според Библијата, на овој ден Исус Христос бил распнат на крст за да ги искупи гревовите на човештвото.

За годинешниот Велики Петок во храмовите го немаше вообичаениот метеж поради кризата со корона, но и покрај препораките некои верници сепак одлучија утринава да појдат во црква.

Десетина верници денес во 9 часот видно нетрпеливо чекаа во ред пред капијата на скопската црква „Света Петка“. Забележавме дека растојанието меѓу луѓето се почитуваше и речиси сите носеа маски. На секој ќош од објектот залепени беа листови со порака да се држи дистанца. Присутни беа и неколкумина полицајци кои го надгледуваа храмот.

Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека немаат друг избор и мора да се прилагодат на невообичаеното празнување на Велигден годинава.