Во Словенија полуматурантите годинава нема да го полагаат државниот испит

0
111

Љубљана, 17 април 2020 () – Оваа година за прв пат откако е воведен, полуматурантите нема да го полагаат државниот испит, најави министерката за образование Симона Кустец. Како што јави дописникот на од Љубљана, ваквата одлука е донесена поради прекинот на образовниот процес предизвикан од епидемијата на коронавирусот. Што се однесува до полагањето на матурата, засега е донесена одлука таа да се одложи за еден месец, па така наместо 5 мај, ќе се одржи на 1 јуни за писмениот и 14 јуни за усниот дел. Заводот за образование на Словенија на наставниците и професорите им даде и насоки како да го оценуваат учениците, имајќи во предвид дека образовниот процес продолжи во домашни услови.