Генералот Абрамс советува да се извлечат поуки од „Пациентот 31“ во Јужна Кореја

0
85

Јужна Кореја брзо реагираше и успеа да го запре ширењето на вирусот, благодарение на својата кампања на масовно тестирање на коронавирусот, утврдување на патот на инфекцијата и изолација на инволвираните

„Делувај одлучно, делувај рано“.

Ова е советот на генералот Роберт Абрамс, највисокиот американски генерал во Јужна Кореја, за тоа каква треба да биде борбата против коронавирусот.

„Изгледа претерано. Но, една недела подоцна, вашата заедница ќе разбере“, изјави генералот Роберт Абрамс за Гласот на Америка и за Си-Ен-Ен, во широко заедничко интервју во четвртокот во Сеул.

Абрамс командува со околу 28.000 американски војници во Јужна Кореја кои застанаа во првите борбени линии со пандемијата. Таквите напори даваат важен увид во глобалната борба против „Ковид-19“.