Градоначалникот на Прага под полициска заштита, бил цел на руски агент, Кремљ негира

0
84

Чешкиот весник „Респект“ пишува дека руски агент кој имал отров рицин, наводно, пристигнал во земјата пред три недели.

Градоначалникот Зденек Хил одби да каже зошто има полициска заштита.

Тој само рече дека пријавил во полицијата откако забележал дека го следат во близина на неговиот дом и дека неколку пати ја видел истата личност.

Хил истакна дека не може да потврди дали поради тоа добил полициска заштита.

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека извештаите се фабрикувани.

Чешката полиција не го потврди заговорот.

Написот цитира неименувани разузнавачки извори.

Градоначалникот на чешката престолнина неодамна ја поддржа одлуката за промена на името на плоштадот каде се наоѓа руската амбасада да го добие името на убиениот руски опозициски лидер. Престолнината на Чешка овој месец исто така отстрани статуа на рускиот воен херој од Втората светска војна, маршалот Иван Конев.

Извор Канал5