Двајца лекари од гостиварската болница позитивни на Ковид 19

0
83

По речиси 20 денови од првиот случај, во Гостивар се регистрирани два нови. Еден лекари од кои едниот интернист иамле позитивни тестови на на Ковид-19. Потврда за новите случаи МИА доби од градоначалникот Арбен Таравари и директорот на болницата Јакуп Јакупи кои рекоа дека се запознати со последните резултати.

Не можеа да објаснат како лекарите дошле во контакт со вирусот, со оглед дека во општата болница „Др. Ферид Мурад“ на влезот се спроведува епидемиолошка анкета и мерки за дезинфекција. Според директорот на болницата, неговите колеги биле асимптоматски, а се тестирале на лично барање.