Независниот синдикат на затворската полиција и админстрација ги повлекува активностите за јавен револт, усвоено нивното барање

0
82

Независниот синдикат на затворската полиција и администрација на Македонија денеска преку соопштение информира оти ги повлекуваат сите активности за искажување јавен револт и несоглсување со донесени одлуки, откако Главниот кризен координативен штаб го усвоил нивното барање со кое е извршено дополнување на Уредбата.

– Со Одлука на Влада на ден 07.04.2020 година донесена е Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените ви јавниот сектор за време на вонредна состојба при што припадниците на затворска полиција се пропуштени, а со тоа би им се намалила севкупната плата речиси за 50 отсто. Од страна на Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија навремено е реагирано и е поднесено Барање за измена и дополнување на уредбата. Главниот кризен координативен штаб го усвои нашето Барање со кое е извршено дополнување на горенаведената Уредба. Независниот синдикат укажа со Барање дека треба да се изврши нов режим на работа во смени со цел превенција од Ковид-19 вирусот и препораките од Влада, Министерство за здравство и кризниот штаб, се вели во соопштението.

Независниот синдикат на затворска полиција и администрација на Македонија, велат оттаму, како репрезентативен синдикат на вработените во затворскиот систем и понатаму ќе се грижи за членовите на синдикатот и навремено ќе реагира. /МИА

Извор Канал5