Контејнерите во Скопје преполни, Комунална хигиена работи само прва смена, a викендов ќе одмара

0
88

Иако постојано слушаме дека одржувањето на хигиената е најважен адут кој го имаме против ширењето на коронавирусот, сликата на преполни контејнери, предизвикува револт кај населението.

Фоторепортерот на Слободен печат, денес забележа преполни контејнери на различни локации во градот. Зошто контејнерите не се празнат редовно прашавме во ЈП Комунална хигиена, од каде што добивме одговор дека работат во една смена, до 16 часот, поради полицискиот час.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје работи само првата смена, но ги вложуваме сите напори да се одржи континуитетот во подигнувањето и транспортот на комуналниот отпад, односно сите надземни и подземни контејнери да бидат испразнети еднаш во текот на денот. Додека траат посебните мерки, приморани сме да ја редуцираме динамиката на собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад од над 84 000 канти во индивидуалните домаќинства што во претстојниот период ќе се одвива еднаш во неделата и апелираме граѓаните да имаат разбирање за овие одлуки.“

Извор Слободен Печат