Советот за безбедност на ООН прв пат се состана на тема коронавирус

0
78

Генералниот секретар Антонио Гутереш го предупреди ова поделено тело дека вирусот потенцијално води кон зголемени социјални немири и насилство.

Гутереш се обрати на 15-члената затворена седница на Советот преку видео линк, велејќи дека „ова е борба на генерацијата“ и „самата причина за постоење на Обединетите нации“.

„Пандемијата е значајна закана за одржување на меѓународниот мир и безбедност – потенцијално може да доведе до зголемување на социјалните немири и насилство што може значително да ја поткопа нашата способност за борба против болеста“, додаде генералниот секретар на ООН.

Тој истакна дека ангажманот на Советот ќе биде „клучен во ублажувањето на ефектите од пандемијата„ Ковид-19 “врз мирот и безбедноста“.