Од среда забрана за излегување без маска во Куманово, Тетово и Прилеп

0
97

Засилени заштитни мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот се воведуваат за Куманово, Тетово и Прилеп.

Доцна синоќа владата донесе сет мерки со кои се предвидува од среда 22 април во овие три града ќе биде забрането движење без маски, шал , марама и слично надвор од своите домови ,на сите јавни места на отворено како и на затворено во маркети продавници аптеки и слично.

Задолжително носење на заштитна опрема се планира да се воведе и на целата територија но од кога тоа ќе важи треба да го прецизира министерството за здравство кое ќе донесе и уредба секој што ќе прави тест за корона задолжително ќе оди во само изолација најмалку до добивањето на резултатите.

Владата донесе одлука дека од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.

Иако најавено дека мерките полека ќе се олабавуваат сепак според најновите насоки на владата засега мерките дополнително се затегаат. Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани , а особено на оние од Куманово, Прилеп и Тетово, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини.