Словенија почнува со масовно тестирање за раширеноста на коронавирусот

0
111

Во Словенија од денеска почнува масовно тестирање на граѓаните со цел здравствените власти да имаат реална слика за раширеноста на новиот коронавирус, јави дописникот на од Љубљана. Според планот, предвидено е во наредните денови да се тестираат вкупно 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата. Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави лица, без разлика на полот и возраста.