Половина од заразените од корона се од Европа

0
75

Вчера бројот на инфицирани со Ковид-19 во светот ја надмина бројката од еден милион, од кои околу половината се во Европа. На чело на листата на земјите со најмногу заболени се наоѓаат Соединетите Американски Држави со околу 240.000. случаи, а по нив следат Италија со 115.000, Шпанија со 110.000 случаи, Германија со 85.000 заболени.

Од почетокот на пандемијата, официјално се заразени 989.228 лица, од кои повеќе од половина во Европа 542.077, додека 235.900 во САД и Канада, а 112.061 во Азија.