Силен земјотрес регистриран на границата помеѓу Мјанмар и Индија

0
90

Нејпјидо, 16 април 2020 () – Силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во пограничниот регион помеѓу Мјанмар и Индија. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри југоисточно од Мјанмар и 168 километри од Аизвал во Индија на длабочина од 10 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.