Судењето поради короната во прекин, 8 години од Смилковскиот масакр без правда за 5-мината убиени

0
84

Пред 8 години на денешен ден, на Велики четврток кај Смилковско езеро беа убиени 5-мина жители на околните населби од кои 4-ца беа на возраст меѓу 18 и 21 години.

Бруталната ликвидација на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, и на 45-годишниот Борче Стевковски позната и како Смилковски масакр, имаше продолжени преку полициската акција и случајот Монструм.

Првично судот пресуди доживотни затворски казни на 6-мина жители на Скопје, од кои двајца се во бегство на Косово. Откако во 2017-та Врховниот суд ја поништи пресудата и го врати случајот на почеток, СЈО го презеде обвинението за Монструм против истите обвинети. Иако се очекуваа повеќе информации од таканречените бомби, немаше многу нови сознанија во снимените телефонски разговори и СМС пораки.