Филипче: На клиниката во Битола се лекуваат пет пациенти

0
95

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека на клиниката во Битола се хоспитализирани пет лица. Прашавме каква е состојбата со пациентите во Битола и дали има новоизлекувани, како и за тоа дали медицински работници на клиниката во Битола ја имаат целосната заштита.

„Во Битола се хоспитализирани 5 позитивни пациенти на Ковид-19. До вчера во изолација беше хоспитализиран и 1 сомнителен пациент на коронавирус од Сју Рајдер во Битола, но денеска стигна и втор резулатат на овој пациент, кој како и првиот е нагтивен на коронавирус. Пациентот е пратен на домашно лекување. Останатите 4 се од Струга“ , стои во одговорот од министерството.