150 заразени во хотел со бегалци во Грција

0
114

Во Грција во последните 24 часа регистрирани се 156 нови случаи со ковид-19 и уште пет смртни случаи.

Од овие 156, 150 се потврдени во хотел во градот Краниди, на Пелопонез, во кој се сместени бегалци, пренесува АНА.

Во Грција вкупниот број на заразени е 2.401 лица, а од почетокот на епидемијата забележан е 121 смртен случај.

Поголемиот дел од починатите имале и други здравствени проблеми од претходно, а нивната просечна старот е над 70 години.