Астронаутите на СпејсИкс и НАСА пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

0
145

Американските астронаути Дог Харли и Боб Бенкен пристигнаа на Меѓународната вселенска станица.

Нивната капсула „Драгон“ која ја изнајми и со нејзе управуваше приватната компанија „Елон Маск“, пристигна во станица.

Астронаутите ќе мора да почекаат да се проверат сите теченија и притисоци во неа, пред да влезат во станицата и да се придружат на рускиот член на екипажот кој веќе е во неа. Патувањето траеше околу 19 часа.

Ова е историски успех на компанијата, која синоќа од Флорида ги лансираше двајцата астронаути, што е прво полетување на Американци од американско тло после девет години. Ова е прв пат Американците во вселената да испратат комерцијално летало, во сопственост на приватна компанија.

Извор Тв21