Бегалци од Македонија уапсени во Косово

0
174

Косовската полиција минатата недела ги уапсила лицата Бесим Красниќи и Фадил Точи, кои се барани по потерница издадена од страна на македонското Министерство за внатрешни работи информира денеска министерот Наќе Чулев на својот Фејсбук профил. Двајцата се бараат поради извршени тешки кривични дела.

Апсењето е извршено во соработка со Интерпол во Приштина.