Веста која сите ја чекавме: Кина започнува со производство на вакцина до крајот на годината

0
79

Повеќе од 2.000 луѓе веќе примија пробни вакцини за ковид-19.

Една кинеска вакцина против коронавирусот би можела да биде подготвена на пазарот уште на крајот на оваа година, или почетокот на 2021 година.

Повеќе од 2.000 луѓе веќе примија пробни вакцини развиени во биолошкиот Институти во Вухан и Пекинг, објави надлежната државна комисија на кинеската социјална мрежа „WeChat“.

Двете институции, поврзани со фармацевтската група „Синофарм“, влегоа во втората фаза на тестирање на вакцините, а производната линија на Институтот во Пекинг ќе може да обезбеди 100 до 120 милиони дози од кинеската вакцина годишно кога ќе започне нејзиното производство.

Вкупно пет вакцини во моментов се тестираат на луѓе во Кина.