Вухан тестираше над 222.000 лица во еден ден

0
75

Вухан, град со 11 милиони луѓе, спроведува тестирање на сите жители на доброволна основа.

Кинескиот град Вухан, од каде почна епидемијата од коронавирус, на 16. мај направи 222.675 тестови, соопшти локалната здравствена управа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Вухан на 14. мај почна кампања за да ги открие асимптоматските носители – луѓе кои се заразени, но не покажуваат надворешен знак на болеста – откако минатиот викенд се потврди првото ново жариште на инфекција со ковид-19 од отворањето на градот на 8. април, објави Гардијан.

Вухан, град со 11 милиони луѓе, спроведува тестирање на сите жители на доброволна основа.

Не е утврден ниту еден случај со симптоми од 14. до 16. мајк, иако се пронајдени 28 нови асимптоматски носители, според дневните извештаи кои ги објави надлежното здравствено тело на Вухан.