Казни за 12 тетовци, осум штипјани и тројца битолчани за непочитување на полицискиот час

0
79

Поднесени се предлози за издавање казнени налози за вкупно 12 лица кои Основното јавно обвинителство Тетово ги товари дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 6 и 7 мај 2020 година не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забрани движење на територијата на државата во определени временски периоди. Тие со возило или пеш се движеле низ градот, за што надлежните јавни обвинители на Судот му предложија да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Битолското обвинителство поднесе предлози за казнување на тројца граѓани поради прекршување на полицискиот час во овој град. ОЈО Битола поднесе два предлога за издавање на казнени налози против три лица за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Со нив на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност.

Сите предлози за издавање на казнени налози се заради прекршување на полицискиот час, односно за непостапување по Одлуката за забрана за движење, соопштија од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно девет лица кои го сториле кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело обвинителството предложи на сите обвинети да им биде изречена парична казна во висина од по 50 дневни глоби , секоја од нив во износ од 10 евра во денарска проиввредност.

Осум од обвинетите со возило или пеш се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на територијата на државата воведена со Одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Еден обвинет, за време на полицискиот час во Пробиштип го напуштил својот дом, заминал кај сограѓанин од Пробиштип по што физички го нападнал.