Религиозните групи тргнаа против науката среде пандемија

0
82

Религиозните групи тргнаа против науката среде пандемија. Тој долг историски судир, на македонско тло продолжи среде битката против Ковид 19 со литија на МПЦ во Струга и одлуката на ИВЗ да ги отвори џамиите. За струшкиот случај отворен е предмет во тамошното обвинителство. Литијата е дел од познатата струшка Еордија, традиционално организирана од манастирот Бигорски кој на 27-ми април најави дека традицијата ќе ја продолжи со тоа што нема да биде дозволена придружба од верници. На терен на 7-ми мај сликата беше спротивна на мерките за заштита на јавното здравје. Двајцата свештеници од тимот на манастирскиот игуман Партениј не одговорија на нашите повици. Службата ја водеше владиката Тимотеј кој во телефонски разговор ни тврди дека сите мерки ги презеле и ги повикале верниците да не ги следат по улиците.

Во општина Струга и тамошниот кризен штаб тврдат дека не биле ниту известени ниту знаеле за таков масовен настан за кој сметаат дека е неодговорна постапка и огромна грешка на властите и на полицијата.

РЕАКЦИЈА НА ОПШТИНА СТРУГА:

Обвинителството пак својот предмет го насочи кон организаторите, а не кон полицијата која вчера ја обезбедуваше поворката, а преносот одеше директно на интернет. Сега обвинителството бара струшката полиција да им обезбеди снимки од камери и докази дали е прекршена забраната за групирање во групи поголеми од две лица, и дали е почитувана мерката за растојание од два метри и задолжително носење маски во групи.

СООПШТЕНИЕ НА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО:

-Побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани, а во насока на примена на здравствените прописи во услови на опасност од ширење на заразната болест предизвикана од вирусот COVID-19.

Упадот во мерките е направен, а допрва ќе се бара одговорност. Од МВР не ни одговорија на прашањата кој ќе ја понесе одговорноста, кој и како го пријавил настанот и зошто на денот на полицијата 7-ми мај добија сочна честитка од среде Струга.