Романски владика го повторил Велигден за сите што го пропуштиле поради короната

0
92

Романскиот владика Теодосије синоќа ја повтори велигденската литургија за оние кои не можеле да присуствуваат на неа во април, поради изолационите мерки воведени за пандемијата на „ковид-19“.

Теодосиј изјавил дека ја повторува литургијата за православните верници кои биле спречени поради пандемијата да учествува на 19 април.

Тој ги извршил главните делови од обредот и ги причести верниците со заедничка лажица и покрај здравствените предупредувања.

Свечената церемонија, која медиумите ја нарекуваат Велигден 2,0, привлече мал број верници во катедралата во Констанца и неколку луѓе во другите цркви во епархијата во градот на Црното Море.

Патријархот на романската православна црква рече дека Теодосиј дејствувал автономно и дека велигденските литургии биле изведени без верници заради здравствениот ризик.

Сепак, не се зборува за какви било санкции за постапките на владиката, а тој и претходно бил познат по извршувањето на својата волја.

Околу четири петтини од Романците се православни.