САД одобрија нов тест за антитела на коронавирусот

0
85

Агенцијата за храна и лекови (FDA) при американското министерство за здравство и социјални служби го одобри, како приоритетно прашање, употребата на нов тест за присуство на антитела на вирусот предизвикувач во крвта на болни или оздравени од респираторната болест Covid-19.

Како што се наведува во соопштението на агенцијата, тестот на антителата го развила калифорниската компанија „Quide“ од Сан Диего. Според компанијата, овие тестови овозможуваат за само неколку минути да се утврди присуство на фрагменти од вирусни протеини во брисевите земени од носните шуплини на пациентите.

Станува збор за веќе трет тест за откривање антитела на коронаворусот, кој американските здравствени власти го одобруваат за употреба во медицинските установи во земјата. За разлика од тестовите за откривање на самиот коронавирусот, за чиишто резултати е потребни подолг период, скапи материјали и неопходност од тим од компетентни стручњаци кои често работат во приватните лаборатории, новоодобрениот тест е брз и за него не се потребни значителни трошоци.

Според виролозите, „класичниот“ тест за откривање антитела се изведува со земање примероци на крвта од пациенти кои се борат со инфекцијата неколку дена или седмици. Тој вид тестови е оптимален за истражувачите, затоа што помага да се разбере колку далеку се раширила болеста, колку широко е распространет вирусот во опкружувањето на пациентот, но воошто не е погоден за итна дијагностика на коронавирусот. Наспроти тоа, новиот тест е лесен за употреба во активната фаза од болеста, и овозможува многу брзо да се утврдат токсичните траги од присуството на вирусот.

Според извршниот директор на компанијата, Даглас Брајан, брзото одобрување им „овозможува веднаш да започнеме со синтезата на препаратите неопходни за правење на тестовите“. Во моментов тестот е „во рацете на медицинските работници и ќе помогне со идентификување на инфекцијатата да се скуси времето потребно да се донесе одлуката како и почетокот на лекувањето“, додава Брајан.

„Ова е вистински напредок во вирусологијата“, го коментираше развојот на новиот тест Дебора Биркс, координатор на Белата куќа за борбата со пирењето на коронавирусот.

„Никогаш нема да има можност да спроведеме 300 милиони тестови во еден ден или, пак, да ги тестираме сите ученици и работници пред да се вратат во училиштата и на работните места. Но сега се појави можност да направиме нешто слично со помош на тестот за антитела на коронавирусот“, додаде Биркс.

Извор Нетпрес