Угостителските објекти ќе можат да работат до 20 часот со максимум четири лица на маса

0
87

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес конференција истакна дека угостителите ќе можат да работат до 20 часот, со по максимум четири лица на една маса.

Во врска со пртоколите за кои угостителските објекти се жалат дека ги немаат се уште добиено, а од утре некои од нив треба да почнат со работа, Бектеши повтори дека владината одлука донесена вчера важи и се однесува само на оние што имаат тераси.

„Владата и Министерството за економија веќе добија забелешки од коморите за протоколите доставени до нив. Ние веќе донесовме одлука за отворање на угосителските објекти од утре, но таа важи само за оние што имаат тераси и согласно протоколите за простор, дезинфекција и однесување и на клиентите и на угостителите. Одлуката е само да работат објектите кои имаат тераси и да ја почитуваат дистанцата. Имавме подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој требаше да се одвива во три фази. За донесувањето на вчерашната одлука го почитувавме предлогот на Комисијата за втората фаза каде е предвидено отворање само на оние објекти кои имаат тераси согласно протоколите. Речиси 99 отсто од сите предлози на Комисијата дадени откако почна вонредната сотојба се прифатени од Владата, така одлучивме и овојпат, да го почитуваме предлогот на Комисијата. Ќе ја следиме ситуацијата, како се почитуваат протоколите и препораките усвоени на вчерашната седница, ако се почитуваат ќе ги отвораме и тие што се затворени“, истакна министерот.