Филипче потврди: Предлог е полицискиот час да трае од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот

0
80

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека има предлог до Владата за траење на полицискиот час од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот престојниот продолжен викенд. Ова го најави и ТВ21 претходно.

Сега останува само Владата да го усвои предлогот. До сега ги прифаќаше сите препораки од Комисијата за заразни болести за полицискиот час.

„Сите случаи кои ги имаме на позитивни пациенти изминативе неколку дена се должат на настани или семејни собири. Поради непочитување на мерките имаме нови случаи и само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект“, рече Филипче.

Со оглед дека и викендов ќе има ригорозни мерки околу забраната за движење, на Комисијата за заразни болести дури идната недела ќе се разговара за отворање на угостителските објекти.