52 новозаразени за 24 часа – најголем дел во Скопје

0
158

По 52 новозразаени со Ковид 19 регистрирани во последните 24 часа министерот Венко Филипче најавувава враќање на рестриктивните мерки ако трендот продолжи и во текот на викендот. Враќањето на мерките ќе се спроведе во зоните каде состојбата е најзагрижувачка односно во Чаир, Сарај, Бутел, Аеродром, Тетово и Штип.

Министерот Филипче рече дека граѓаните треба да разберат дека од нивните постапки зависи дали ќе бидат вратени ограничувачките мерки или нормалниот живот. Според него, најголем број заразени лица минатата недела се резултат на непочитување на мерките кога рестриктивните протоколи биле на сила.

26 од новите случаи се во Скопје, 9 во Тетово, 7 во Штип, 6 во Куманово, 2 во Струга и 1 во Велес и Кочан. Во последните 24 часа се регистрирани четири жртви на возраст 73, 82, 76 и 55 годишна возраст. Досега во нашата земја се регистрирани 2129 случаи на Ковид 19. 1516 се излечени а бројот на жртвите е 126. 487 случаи се активни. Министерот Филипче рече дека во текот на последните две недели траекторијата на заразените е 5,5%.