(Видео) Се урна мост во Русија

0
104

Зголемувањето на нивото на реката Кола и топењето на мразот ги оштетија потпорните sидови на железнички мост во Мурманск, Русија, кој вчера се урна.

Железницата вети дека повторно ќе ја воспостави инфраструктурата во рок од пет дена. Дотогаш патниците ќе се превезуваат со автобуси.

Според светските медиуми мостот е изграден во 30-тите години на минатиот век, а пред шест години биле правени поправки.