Охриѓанец глумел сообраќаец и сопирал возила, фотките ги ставал на Фејсбук

Охрижанец со лажна полициска палка„стоп“ сопирал возила и на Фејсбук објавувал фотографии, информираше МВР.

Станува збор за А.И.(44) од Охрид, против кого е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „лажно претставување“.

-На 15.03.2020 на социјална мрежа Фејсбук на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево, велат од МВР.