Агресивно се однесувале кон полицајци – уапсени 3 лица од Скопје

0
143

Три лица од Скопје биле уапсени откако агресивно се однесувале кон полициски службеници.

-Синоќа во 00:45 часот на ул.„Костурски херои“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле А.Р.(21) и Р.Ш.(29), двајцата од село Сингилиќ, скопско, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Подоцна во 01:10 часот на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(37) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир така што под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.